За нас

Категорија Статични артикли

Лого на НССРМ

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија е формиран во далечната 1946 година под називот Сојуз на слепите на Република Македонија и оттогаш до денес дејствува како национална, невладина, непартиска, непрофитна и хуманитарна организација од посебно општествено значење во Републиката.

Основна мисија на Сојузот е создавање на подобри услови за живот и работа на слепите лица ширум републиката, нивните здруженија и нивната подобра социјализација и интеграција во општествената заедница.

Сојузот на слепите е Чадор-организација која преку своите 18 здруженија на слепите лица брои повеќе од 2500 членови - слепи лица на територија на Република Македонија односно лица кои на подоброто око со корективно стакло гледаат најмногу 10 проценти.

Националниот Сојуз на слепите на Република Македонија е членка на:

- Националниот совет на инвалидски организации на Македонија

- Балканскиот консултативен комитет

- Европскиот сојуз на слепите

- Светскиот сојуз на слепите

Од своето основање до денес, Сојузот води целосна грижа за своите членови - слепите лица почнувајќи од откривањето, упатувањето на школување, описменуање на Брајово писмо, рехабилитација, вработување, приспособување на работни места, набавка на тифло-технички помагала и слично.

Основни цели и задачи на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се:

- залагање за остварување и јакнење на правата на слепите лица во Република Македонија

- јакнење на економската и социјалната сигурност на слепите лица

- оспособување на слепите лица за вршење на основните активности за подобрување или компензација на загубената функција

- совети на слепите лица и нивните семејства

- унапредување на системот а образование, рехабилитација, работно оспособување, преквалификација и вработување на слепите лица

- придружни услуги при набавка на разни специфични тифлотехнички помагала и распределба на истите и други компензациони помагала неопходни за зголемување на независноста во секојдневниот живот и во остварувањето на правата на слепите лица

- предлага мерки за примена на стандарди и насоки за отстранување на пречките и обезбедување, а пристап на слепите лица во непосредната физичка околина како куќи, згради, јавен транспорт, јавни установи и други форми на транспорт

- развој на духовната и физичката култура на слепите лица преку обезбедување на пристап и достапност на слепите лица до информациите и комуникациите (производство на Брајови и звучни книги, повеќенаменски списанија, фоно и брајова библиотека за слепи лица, организира и создава услови за работа на споствени културно уметнички друштва, клубови и организира културно уметнички манифестации како и развивање и помагање на сите видови културно уметничко творештво на слепите лица развивајќи го музичкиот и радиоаматерскиот дух, спортот како шах, гол-бол, табла, итн. Организирајќи државо првенство во шах, атлетика и голбол и учество на меѓународни натпревари.

Јавноста во работењето на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се остварува преку издавање сопствени списанија: Брајово списание НАШ ЗБОР, звучно списание ПАНОРАМА  и емитување на радио емисија ПАНТА РЕИ на Македонското радио.

- организирање стручни работилници, советувања, симпозиуми и конференции

- организирање кампањи за подигнување на свеста на населението за надминување на негативниот однос и предрасуди кои постојат за слепите лица предлага мерки и иницијативи за зголемување на социјалната заштита на слепите лица

- иницира решавање на материјалните здравствените, социјалните и другите прашања од значење за слепите лица

- поттикнува научно истражувачка работа и во зависност од своите можности спроведува научни и други проекти за подобрување на личниот семејниот и социо-културниот живот на слепите лица

- се залага за доследно спроведување на сите усвоени меѓународни акти кои се однесуваат за остарување на човековите и компензационите права на слепите лица

- покренува и поддржува граѓански иницијативи за измени и дополнување на постојаните законски прописи и донесување нови со цел за поквалитетни решенија во однос на правата на слепите лица и друго

- Националниот сојуз на слепите на Република Македонија соработува со други невладини организации од земјата и од странство, а особено со оние кои во своите програмски активности ги третираат прашањата и потребите на слепите лица

- Националниот сојуз на слепите на Република Македонија потесно соработува со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов - Скопје

Во својата повеќедецениска работа Националниот сојуз на слепите на Република Македонија има реализирано повеќе проекти финанисирани од програмата ФАРЕ-ЛИЕН, Француската федерација на слепите, Националната организација на слепите од Шпанија, МЦМС, ФИООМ, Католички служби за помош, ЦРС, Светската банка, ИТЗ, ОКСФАМ, Црвениот крст на Македонија, Хендикеп Интернационал, УСАИД, Фондација Т-Мобиле за Македонија, Лајонс Клубовите низ земјава и слично.

Националниот сојуз ан слепите на Република Македонија располага со сопствен деловен објект, соодветна опрема за работа, сопствени патничко и комби возило, Брајово печатница, едукативен компјутерски центар и тонско студио.

Финансирањето а тековните активности и програмски задачи се врши од средствата од игри на среќа преку Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.