Статут на НССРМ

Категорија Документи

            Врз основа на член 20 од Уставот на Република Македонија, член 5, 15, 18, 73 и 75 од Законот за здруженија и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52/10) член 2, 9, 10, 17, 19 и 20 од Законот за инвалидски организации на РМ (Сл. весник на РМ бр. 89/08),  Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија на седницата одржана на 25.02.2017 година донесе:

СТАТУТ

НА НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА СЛЕПИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА ЗА 2017 ГОДИНА

Категорија Документи

ПРОГРАМА

ЗА

РАБОТА НА

НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НА СЛЕПИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗА 2017 ГОДИНА


Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како национална инвалидска организација која делува на целата територија на Републиката како национална, непартиска, инвалидска, хуманитарна  организација согласно Законот за инвалидските организации (Сл.Весник на РМ бр.89/2008 ) и соглансо измените и диполнувањата на истиот (Св.Весник на РМ бр.59/2012 и 23/2013) во своето  7(седум) децениско постоење согласно досегашното плодно и богато  искуство, програмските цели, програмските задачи како и активностите согласно програмата за работа на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и активностите изадачите на неговите органи и тела во согласност со Уставот на Република Македонија како највисок конститутивен правен акт, Законот за здруженија на граѓани и фондации на Република Македонија како и посебниот закон за инвалидските организации на Република Македонија за кој претходно веќе погоре споменавме, останатите позитивни важечки прописи, Статутот на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија бр.01-70 од 28.02.2011 година како највисок акт на управување и раководење со националата организација Национален сојуз на слепите на Република Македонија ќе се засноваат на досегашните потврдени вредности, постигнати резултати, и позитивни искуства.

ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА ЗА 2016 ГОДИНА

Категорија Документи

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТА НА

НАЦИОНАЛЕН СОЈУЗ НA СЛЕПИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЗА 2016 ГОДИНА

          Согласно со усвоената Програма за работа на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија за 2016 година број 01-511/1 од 24.08.2015 година,согласно со Финансовиот план на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија број 01-512/1 од24.08.2015 година,  согласно со Статутот на Национален сојуз на слепите на Република Македонија број 01-70 од 28.02.2011 година, согласно со Законот за инвалидски организации на Македонија (Сл.Весник на РМ број 89 од 18.07.2008 година),како и неговите измени и дополнувања (Сл.Весник на РМ бр.59/2012 и 23/2013 од 14.02.2013 година, согласно одлуките и напатствијата за работа дадени од страна на Извршниот одбор како раководен орган на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија, согласно препораките за работа дадени од страна на Надзорниот одбор, согласно одлуките донесени од страна на Собранието на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија како највисок орган на управување, согласно упатствата за работа на Статутарните Комисии и работни тела од постојан и привремен карактер во изминатата 2016 година се реализирани голем број на активности и остварени голем број на цели  кои се поврзани со прашањата, потребите и проблемите на слепите и слабовидни лица на целата територијата на Република Македонија.Националниот сојуз на слепите на Република Македонија во изминатата 2016 година организираше и спроведе бројни трибини, тркалезни маси, поднесе иницијативи за измени и дополнувања на позитивните законски прописи, како и усугласуавње и хармонизација на законодавството на Република Македонија со Европското законодавство, а се со една единствена цел што подобро утре на секое слепо и слабовидно лица во Република Македонија.

НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ

Категорија Документи

НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ (РЕВИДИРАНА)

2010-2018

ВОВЕД

Овој документ е насловен Национална стратегија за изедначување на правата на лицата со инвалидност (Ревидирана) 2010 - 2018 година (во понатамошниот текст: Стратегија). Стратегијата претставува план на многубројни активности што произлегуваат од начелата на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност донесена од Обединетите нации на 13 декември 2006 година која ги регулира правата и потребите на лицата со инвалидност, како и учеството на главните учесници во реализацијата, како што се надлежните министерства, институциите и граѓанските организации. Овие активности ќе бидат мерливи во степенот на реализација преку донесување на годишни акциски планови во периодот од 2010 - 2018 година.