ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО КОЧАНИ

1Здружението на слепите лица од Кочани во соработка со Меѓопштинското здружение на лицата со телесен инвалидитет - Мобилност Кочани по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3-ти Декември  организираше хуманитарен концерт  на 07.12.2019 година во Центар за кулртура  Бели Мугри во Кочани. На концертот земаа учество: КУД  ,, БИЛЈАНА,, Скопје ,Фолклорни ансамбли ,,Бели Мугри,, Кочани, Китка - Истибања,Руен  - Кочани  и пеачите Ирена Спасовска и Јордан Митев.Ваквите манифестации треба што повеќе да се случуваат како би можело  да се подигне јавната свест за лицата со попреченост во нашето општество и истите можат да ѓи покажат нивните квалитети,успеси способности,желби и таленти,  дека можат умеат и припаѓат на овој свет. Концертот  беше подржан од Националниот сојуз на слепите лица на РМ, Локалната самоуправа на општина  Кочани и Виница за понатамошна соработка.