ОРГАНИЗИРАН ИЗЛЕТ ПОКРАЈ ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО

2Здружението на слепите лица од Кочани на 26.08.2018 година во Дојран по четврти  пат ја организираше рекреативната средба  излет покрај езеро, на која присуствуваа  околу 50 членови.Во раните утрински часови пред  локалната самоуправа на општина Кочани со организиран превоз  членовите се упатија на еднодневен излет во посета на Дојранското Езеро.Прекрасниот топол ден беше искористен за капење, сончање и  прошетка покрај езерото.

Организиран дводневен излет

1Членовите од Здружението  на слепи и лица со оштетен вид-Скопје ,викендот на 14 и 15 Јули, поминаа во опуштено  заедничко дружење на дводневниот излет, кој и годинава се одржа во преубавиот хотел “Бисер“, Калиште-Струга.По желба на членовите кој, од минатата година беа презадоволни од комплетната услуга во хотелот ,условите и местоположбата на хотелот,годинава со последните средства што Здружението ги имаше на сметка,повторно се одржа на истото место.Излетот како најмасовна и најскапа, активност секоја година се планира,но реализацијата е секогаш неизвесна, затоа  што зависи од многу други услови.Голема благодарност до Собранието на град Скопје,без кој не можевме ни да замислими остварување на активноста ,кој и годинава ни помогнаа со превоз, и ни овозможија користење на три бесплатни автобуси.

Прошетка низ западна Македонија

1Здружението на слепи лица на град Неготино во организација на Градоначалникот на Општина Демир Капија г-нот Лазар Петров на кое што и имаме успешна соработка ,па заедно одлучивме да  ги прошетаме  членовите  на еднодневна прошетка низ убавините на Западна Македонија .

Сите членови се собраа на организираното место и весело се тргна кон Вевчани односно кон Вевчанските Извори. По патот имавме и попатни паузи на кое се одмараа членовите, а воедно и ги осеќаа густите шуми и чистиот воздух. Поминавме низ Охридското Езеро и беа воодушевени од неговата убавина,продолживме се до реката Црн Дрим –Струга на кое се направи и мала пауза. Го продолживме патувањето до Вевчани , а овде ги посетивме Вевчанските Извори .

Повеќе артикли...