„Велигденскиот хепенинг“ во Скопје

2Здружението  на слепи и лица со оштетен вид Скопје и годинава го организираше веќе традицоналниот „Велигденски хепенинг“. Тргнувајќи од фактот дека во Здружението членуваат жени, членки од сите градски и приградски општини во Скопје, настојуваме секоја година манифестацијата да се одржува во различни општини. На тој начин сакаме секоја од учесничките да се покаже пред жителите во општината во која живее, пред своите соседи и познаници, а од друга страна и Здружението како интеграција на сите членови да воспоставува поблиска соработка со сите општини на град Скопје. Јавното презентирање на нашите членови на вакви манифестации, каде што на отворен простор може да се види што се’ можат да приготват, ги разбива предрасудите за способноста на нашите членови, кои исто како и сечулните жени индивидуално знаат да се снаоѓат во домашната кујна.

Велигденска активност во Неготино

1Во пресрет на големиот празник Велигден, дел од членовите на Здружението на слепи лица на град Неготино одлучија да направат активност, односно да фарбат велигденски јајца. Членовите беа презадоволни бидејќи и тие се дел од оваа активност да и тие направат убави Велигденски јајца.

Со нивните вредни раце направија да оваа активност биде успешна, исполнета со многу љубов, здравје, среќа, радост и одлучија и понатаму да продолжи оваа Велигденска традиција.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Спортски натпревари во Охрид

101Здружението на слепи лица Охрид реализираќи ги своите програмски активности за 2017 година, во текот на месец Март организира спорски натпревар во Општинското средно училиште ЕМУЦ “Св. Наум Охридски“ Охрид.

Натпреварот се одржа помеѓу членовите на Здружението на слепи - Охрид и учениците од ова училиште. На овој натпревар се играше домино и шах. 

Целта на овој натпревар беше пред учениците и професорите на ова училиште да ги промовираме способностите и можностите на нашите членови на полето на спортот, како рамноправни спортисти со останатите граѓани на нашето општество.

Повеќе артикли...